Промовирани огласи »

Вработените во приватниот сектор, до крајот на годината ќе добијат регрес за годишен одмор попознат како К-15. 

Право на К-15 имаат сите вработени кои во фирмата непрекинато работеле шест месеци, а парите треба да ги добијат најдоцна до 31 декември.

Според Колективниот договор за стопанството, К-15 изнесува 40 проценти од просечната нето-плата во државата исплатена во последните три месеци. Ако сега почнат да исплаќаат, работодавачите на сметката на секој раобтник треба да уплатат по минимум 9.610 денари. Но, имајќи предвид дека просечната плата е во постојан пораст, колку подоцна исплатен, регресот ќе биде за некој денар повисок.

Највисоката сума, пак, е определена на истиот начин, но според просечната бруто -плата. Така, во моментов максималниот К-15 изнесува 14.090 денари.

Меѓутоа, по предлог на работодавците, пред две години се направи измена на Колективниот договор и се дозволи фирмите со финансиски потешкотии да исплаќаат и помали суми од минимално утврдените, но само со согласност од претставник на Синдикатот или на работниците. Ова е трета година со ваков начин на исплата, а досегашното искуство укажува на многу малверзации од работодавците, од кои некои отидоа до таму на сметките на работниците да префрлат К-15 од само 100 денари, колку да ги избегнат високите казни за неисполнување на оваа обврска.

Високи казни, па дури и затворски, се предвидени и за газдите кои ќе поделат К -15, а потоа ќе побараат од работниците да им ги вратат парите.

Промовирани огласи »

Зонското паркирање ќе зафати делови од Кисела Вода, Карпош и Гази Баба. Според плановите на Јавното претпријатие „Градски Паркинг“, во овие три општини ќе се овозможат дополнителни 1.500 паркинг места.

Во Кисела Вода зонско парирање ќе има на четири улици, „Антон Попов“ (зона Д140), „Емил Зола“(Д141), „Иван Козаров“ (Д142) и „Вера Јоциќ“ (Д143). Во Гази Баба пак, зонско паркирање е на улицата „Индустриска“ во Автокоманда (Д20).

Зонското паркирање го зафаќа и Карпош 1, на улиците „Мирка Гинова” (зона Д40-Д59), „Иван Аговски” (Д40-Д59), и „Гиго Михајловски” (Д40-Д59), како и кај Лептокарија (зона Д70-Д79).

Промовирани огласи »

Проектот за повраток на ДДВ кај физичките лица најпрво ќе биде пуштен како пилот-проект во неколку општини, а потоа ќе се види како ќе функционира, рече вице-премиерот Кочо Анѓушев.

Во врска со повраток на ДДВ, тоа е проект кој се размислува како да не влијае негативно ниту на буџетот ниту на граѓаните. Мислам дека најпрво ќе се пушти како пилот-проект во неколку општини, рече Анѓушев кој додаде дека целосни информации можат да се добијат од министерството за финансии, бидејќи тоа е проект на министерството - изјави тој.

Повратокот на ДДВ кај индивидуалците како свој проект го наваи Владата во програмата на СДСМ за време на изборите во 2016 и 2014-та.

Промовирани огласи »

Повеќе од половина невработени млади во Македонија со више и високо образование на возраст до навршени 24 години би прифатиле работа само доколку платата изнесува од 20.000 до 30.000 денари, гласи во анкетата што ја публикуваше Заводот за статистика.

Точно 50,5 насто од оваа категорија првенствено би започнала да работи само ако толку изнесува првата плата. Само 2,2 насто од нив би се вклучиле во работен процес ако личниот доход не е повисок од 12.000 денари. Од преостанатите, 4,8% бараат прво што ќе им се исплати да биде повисоко од 30.000 денари, 35,9% би биле задоволни и би прифатиле од 16 до 20 илјади, а 6,3% се подготвени да излезат од дома и да се договорат со работодавачите за понуда од 12 до 16 илјади.

Поскромни се очекувањата кај постарите образовани кој во меѓувреме се без работа, а поголемиот дел од нив се со поголемо работно искуство. 44,2 проценти би прифатиле вработување за плата од 20 до 30 илјади, а 12,6 проценти приход од 12 до 16 илјади. Само 28,4 проценти кај оние од 50 до 64 години им е најважно платата да биде од 20 до 30 илјади.

Инаку општо кај младите невработени до 24 години, без разлика на степенот на образование, безмалку половина, односно 47,2 насто чекаат повик за плата од 12.000 до 16.000. Понатаму следуваат: 27,8%(16.000 - 20.000), 11,8%(8.000 - 12.000), 10,6%(20.000 - 30.000) и 0,8 (30.000 - 40.000). 

Вкупното работоспособно население на возраст од 20 до 24 години инесува 70,115. Стапката на вработеност изнесува 25,8 насто во 2017, додека стапката на невработеност е 44,8 насто.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »