Стручен соработник

За компанијата: Салвео е Фармацевтска Компанија основана 2017 година во Македонија, како Друштво со ограничена одговорност со седиште во Белград. Компанијата постои повеќе од 10години на територијата во Србија, Црна... повеќе за компанијата »
  • Објавен пред 2 недели
  • Салвео Дооел Скопје
  • Активен до 14.05.2024
  • Позиција: Комерцијалист/Агент
  • Локација: Скопје

Салвео е фармацевтска компанија која гради успешни и доверливи брендови со портфолио на производи кои одат со и без рецепт, во Централна и Источна Европа, придржувајќи се до највисоките стандарди за квалитет. Познати брендови кои се присутни на пазарот се Prospan, Trachisan, isla, Merz Spezial, Alpecin, Contractubex и други.

Суштината на нашиот успех е нашиот тим од ангажирани, одговорни и проактивни поединци да споделуваат јасна деловна визија градејќи препознатлива организациска култура.

Бараме Стручен/на соработник/чка кој/а ќе се приклучи на нашиот тим.

ПОЗИЦИЈА

Стручен/на соработник/чка

ЛОКАЦИЈА

Скопје, територија на Македонија

КЛУЧНИ РАБОТНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:

  • Развој и одржување на партнерски односи со клиентите
  • Редовни посети на клиентите, информирање на клиентите за производите и маркетиншките активности, прибирање повратни информации од клиентите
  • Договарање и организирање промотивни активности кај клиентите, зголемување на видливоста на производите
  • Планирање, спроведување и известување за извршените посети
  • Следење, анализа и унапредување на работењето во рамки на теренот за кој е задолжен
  • Градење и одржување добри односи со клиентите, информирање за производите и маркетиншките акции и прибирање повратни информации за производите и претпријатието
  • Организација и учество на стручни средби

ПРОФИЛ НА КАНДИДАТОТ:

  • Завршено високо образование (Фармацевтски, Стоматолошки или Медицински факултет)
  • Минимум 2 години работно искуство на исти или слични работни места
  • Комуникациски вештини
  • Продажни и преговарачки вештини
  • Вештини за влијание и управување со разговор/состанок
  • Презентациски вештини
  • Вештини за решавање проблеми и приговори
  • Стручно знаење – познавање на производите
  • Вештини за управување со време, енергија и стрес
  • Возачка дозвола
  • Англиски јазик, напредно ниво на знаење
  • Познавање на MS Office пакет, напредно ниво

БЕНЕФИЦИИ - ШТО НУДИМЕ:

  • Континуирано инвестирање во професионалниот и личен развој на членовите на нашиот тим
  • Пријатна и флексибилна работна средина
  • Неформална комуникација
  • Флексибилно работно време
  • Слободен ден за роденден и Бадник секоја година
  • Споени празници – кога празник се паѓа во вторник и понеделникот е неработен, доколку празникот е во четврток и петокот е неработен.
  • Редовен годишен систематски преглед
  • Можност за приватно здравствено осигурување
  • Летно работно време во петок до 12:00ч.
  • Поддршка и разбирање за потребите на родителите
  • Годишни бонуси
  • Тим билдинг
  • Салвео школа за личен развој – „Thousand insigts and it’s all me“
  • Службено возило

Бараме личност која развива соработка и партнерство со колегите и клиентите, има потреба да постигне одличен резултат и да создаде дополнителна вредност за себе, компанијата и клиентите, има развиено комуникациски вештини и поддржува култура на повратни информации (feedback), одговорно и ефикасно управува со своето однесување, ефикасно го регулира стресот, брзо учи и ефикасно функционира во различни ситуации и околности.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »