Специјалист за српско-хрватски јазик

За компанијата: Агенција Рејтинг е основана во 2007 година од г-дин Ѓорги Спасов, доктор за истражување на јавното мислење и го спроведе првото истражување на јавното мислење во Македонија, додека беше вработен на Институтот... повеќе за компанијата »

Агенција Рејтинг е специјализирана агенција за пазарни истражувања и контакт центар услуги која веќе петнаесет години успешно работи на македонскиот пазар и пазарите во Европа. Ние нудиме консултантски услуги засновани на истражување во сите дисциплини, работиме во партнерство со клиенти, поставуваме остварливи цели, развиваме отворена комуникација и нудиме интерпретација, увид и совет. Имаме мрежа од 250 професионални и искусни анкетари, супервизори и координатори од сите региони на земјата.

Заради зголемениот обем на работа, отворенa е нова работна позиција:

- Специјалист за комуникација на српско-хрватски јазик -

  • Задолжителни квалификации за позицијата се одлично говорење на српскиот и хрватскиот јазик, соодветно (минимум ниво Ц1, сертификат не е задолжителен), солидно познавање на пакетот МС офис и работа со компјутер (оваа работна позиција се однесува на работа во просториите на Агенција Рејтинг).
  • Заинтересираните кандидати треба да испратат кратка биографија (CV) на нашата емаил адреса  [најави се за да го видиш е-маилот]
  • Со исполнување на условите, можноста за почеток со работа е веднаш.

Искористете ја можноста да се  приклучите кон професионален и мотивиран тим, каде ќе се надградувате и напредувате во кариерата.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »