Електричар/Техничар

Сенсор доо Скопје, компанија која работи на проекти во областа на слабо струјни инсталации и автоматика, има отворена позиција за електричар/техничар во оддедот за автоматика и БМС.

Карактеристики на кандидатот:

  • Со или без работно искуство во автоматика
  • Основни познавања од електрика или термотехника
  • Желба и мотивација за учење
  • Способност за работа во тим
  • Одговорност и проактивност

Работни задачи:

  • Шемирање на командни табли согласно дадена шема
  • Поврзување на опрема во поле (сензори, актуатори)
  • Монтажа на опрема во поле

Што нудиме ние:

  • Динамична работна атмосфера
  • Можност за персонален развој и напредување во областа на автоматика и електрика
  • Можност за посета на обуки за програмирање на PLC контролери и конфигурација на SCADA системи
  • Можност за посета на општи обуки за технички развој

Сите заинтересирани кандидати можат да испратат свое CV на [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака "Апликација за позицијата Електричар/Техничар во оддел за автоматика и БМС"

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »