Промовирани огласи »

Првиот човек на „Макпетрол“ може да се пофали со плата која лани изнесувала 941.685 денари односно 15.238 евра месечна нето плата со надоместоци.

Овие бројки алудираат на тоа дека е голема веројатноста дека Андреја Јосифовски е директор со најголема плата во Македонија. 

Според регистарот на објавени јавно достапни податоци за висината на платите на менаџери, претседатели и членови на управни одбори, генерални директори, извршни директори Андреја Јосифовски имал највисока плата во земјава во 2017 година а  „Макпетрол“ е пример и е една од ретките компании која во континуитет ги објавува нето платите на сите членови на Управниот одбор и го почитува Законот за трговски друштва. 

 Многу други домашни големи и успешни компании и банки , на кои Македонската берза досега во повеќе  наврати има дава награди за транспарентност не ги објавуваат поединечно платите на своите претседатели и членови на управни одбори како што тоа го прават „Макпетрол“ и НЛБ Банка. Платата на првиот човек на „Макпетрол“ е двојно повисока од платата на првиот човек на една од трите најголеми деловни банки во земјава.

На пример, „Комерцијална банка“ лани на прашање од „Фактор“ зошто согласно Законот за трговски друштва не ги објавува поединечно платите на менаџерите, одговори дека ќе ја разгледаат опцијата за тоа во годишниот извештај за 2017 година. Во годишниот извештај за работењето на управниот одбор немаше податоци за платите, надоместоците и бонусите за секој од членовите на управниот одбор, поединечно туку како и пред тоа имаше збирен податок за плати, надоместоци, бонуси и користи за раководна и управувачка структура.

Заради тоа што многу компании, како змија нозете, ги кријат платите на директорите т.е. членовите на управни одбор и на одбори на директори со право можеме да констатираме дека „Макпетрол“ е компанија која освен што е транспарентна и дава солидни плати на своите членови на управниот одбор.

Колку се платени членовите на Управниот одбор на „Макпетрол“?

Како што напишавме, месечната плата на Јосифовски лани била 15.238 евра. Освен ова лани Јосифовски од „Макпетрол“ добил и бонус од 68.870 евра. Втор најдобро платен член на Управниот одбор на „Макпетрол“ е Саша Лекиќ и неговата нето месечна плата со надоместоци е 2.790 евра. Неговиот бонус е околу 5.000 евра. Јован Трповски, член на Управниот одбор лани имал просечна нето месечна плата со надоместоци во износ од 2.755 евра и бонус од околу 5.000 евра. Зоран Доневски имал нето месечна плата со надоместоци во износ од 2.590 евра и уште 5.000 евра бонус. Мери Забазноска лани просечно месечно добивала нето плата со надоместоци во износ од 2.350 евра плус бонус од 4.000 евра. Членот на Управен одбор Љупчо Георгиевски имал нето плата со надоместоци од 2.390 евра и бонус од 5.000 евра, а неговиот колега Сашо Бошковски нето плата со надоместоци од 2.310 евра и бонус од 4.000 евра. Најмладиот член на Управниот одбор Марија Јосифовска Спасовска, ќерка на Андреја Јосифовски, имала најмала плата и таа со надоместоци изнесувала 1.010 евра и по основ на бонус остварила уште 5.000 евра.

Промовирани огласи »

Вработените во приватниот сектор, до крајот на годината ќе добијат регрес за годишен одмор попознат како К-15. 

Право на К-15 имаат сите вработени кои во фирмата непрекинато работеле шест месеци, а парите треба да ги добијат најдоцна до 31 декември.

Според Колективниот договор за стопанството, К-15 изнесува 40 проценти од просечната нето-плата во државата исплатена во последните три месеци. Ако сега почнат да исплаќаат, работодавачите на сметката на секој раобтник треба да уплатат по минимум 9.610 денари. Но, имајќи предвид дека просечната плата е во постојан пораст, колку подоцна исплатен, регресот ќе биде за некој денар повисок.

Највисоката сума, пак, е определена на истиот начин, но според просечната бруто -плата. Така, во моментов максималниот К-15 изнесува 14.090 денари.

Меѓутоа, по предлог на работодавците, пред две години се направи измена на Колективниот договор и се дозволи фирмите со финансиски потешкотии да исплаќаат и помали суми од минимално утврдените, но само со согласност од претставник на Синдикатот или на работниците. Ова е трета година со ваков начин на исплата, а досегашното искуство укажува на многу малверзации од работодавците, од кои некои отидоа до таму на сметките на работниците да префрлат К-15 од само 100 денари, колку да ги избегнат високите казни за неисполнување на оваа обврска.

Високи казни, па дури и затворски, се предвидени и за газдите кои ќе поделат К -15, а потоа ќе побараат од работниците да им ги вратат парите.

Промовирани огласи »

Зонското паркирање ќе зафати делови од Кисела Вода, Карпош и Гази Баба. Според плановите на Јавното претпријатие „Градски Паркинг“, во овие три општини ќе се овозможат дополнителни 1.500 паркинг места.

Во Кисела Вода зонско парирање ќе има на четири улици, „Антон Попов“ (зона Д140), „Емил Зола“(Д141), „Иван Козаров“ (Д142) и „Вера Јоциќ“ (Д143). Во Гази Баба пак, зонско паркирање е на улицата „Индустриска“ во Автокоманда (Д20).

Зонското паркирање го зафаќа и Карпош 1, на улиците „Мирка Гинова” (зона Д40-Д59), „Иван Аговски” (Д40-Д59), и „Гиго Михајловски” (Д40-Д59), како и кај Лептокарија (зона Д70-Д79).

Промовирани огласи »

Проектот за повраток на ДДВ кај физичките лица најпрво ќе биде пуштен како пилот-проект во неколку општини, а потоа ќе се види како ќе функционира, рече вице-премиерот Кочо Анѓушев.

Во врска со повраток на ДДВ, тоа е проект кој се размислува како да не влијае негативно ниту на буџетот ниту на граѓаните. Мислам дека најпрво ќе се пушти како пилот-проект во неколку општини, рече Анѓушев кој додаде дека целосни информации можат да се добијат од министерството за финансии, бидејќи тоа е проект на министерството - изјави тој.

Повратокот на ДДВ кај индивидуалците како свој проект го наваи Владата во програмата на СДСМ за време на изборите во 2016 и 2014-та.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »